Парламентот на Република Српска за референдум

Парламентот на Република Српска денеска по итна постапка треба да се изјасни за предложениот закон за референдум, односно за техничките прашања за негово одржување, но не и за прашањето на референдумот. Властите на Република Српска најавија дека ќе распишат референдум на кој граѓаните на тој ентитет во Босна и Херцеговина ќе се изјаснат дали го поддржуваат Дејтонскиот договор. Премиерот Милорад Додик порача дека нема намерa да распише референдум за отцепување на Република Српска.