Се очекува прво обраќање на Тимошенко по изборите

Јулија Тимошенко денеска за прв пат ќе се обрати во јавноста, по претседателските избори во Украина во неделата во кои победи нејзиниот противкандидат Виктор Јанукович. Тимошенко не се согласува со резултатите од гласањето, а аналитичарите соопштија дека таа денеска најверојатно ќе изјави дека изборите не биле фер. Организацијата за безбедност и соработка во Европа, која изврши мониторинг на изборите, го оцени гласањето како демократско и повика на мирно предавање на власта.