САД и Франција се за силни санкции против Иран

Францускиот претседател Никола Саркози и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс по средбата во Париз се согласија дека e потребно да се спроведат силни санкции против Иран, поради неговиот план за проширување на нуклеарната програма. Претходно рускиот пратеник Константин Косачев побара од меѓународната заедница да ги зајакне економските санкции врз Иран, а шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано изрази загриженост за плановите на Техеран.