Русија купува француски воен брод, НАТО се противи

Франција се согласи да и продаде на Русија воен брод од класата Мистрал и покрај противењето на членките на НАТО. Тие се во преговори и за продажба на уште три такви бродови. На Мистрал, кој е долг 200 метри и се користи за воени операции, може да бидат стационирани 900 војници, хеликоптери и тенкови. На Русија тоа ќе и биде прв договор за продажба на оружје со некоја земја членка на Алијансата. Договорот меѓу двете земји предизвика загриженост кај соседните земји на Русија, меѓу кои и Грузија.