Прогноза за времето- сончево, попладне наоблачување

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура е во интервал од минус осум до минус два, а дневната ќе се движи од три до седум степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до пет степени.