Нимиц во Македонија на 25 февруари?

Медијаторот во спорот за името Метји Нимиц работи на усогласување на датум за посета на Македонија и Грција , се вели во соопштението на потпаролот на Обединетите Нации , Ванеса Маестрачини. Датумот ќе биде објавен откако ќе биде постигнат договор со двете земји , е дополнето во соопштението. Во македонското министерство за надворешни работи велат дека начелно е договорено Нимиц да ја посети Македонија на 25 февруари , пренесува државната агенција МИА.