Иран воено ќе се модернизира

Командант на воздушните сили на Иран изјави дека Техеран наскоро ке развие воздушен одбранбен систем од домашно производство. Агенцијата Ирна го цитира командантот Хесматолах Касири, кој рекол дека системот ќе има способност како руските С – 300 анти авионски хардвер кој Техеран го нарача од Москва, која пак се уште не го испорача. Министерот за одбрана Ахмад Вахиди пак изјави дека земјата започнала проект за производство на беспилотни летала.