Иран утре преоѓа на ново ниво на збогатување на ураниумот

Се очекува денеска Иран ја информира Меѓународната Агенција за Атомска Енергија за плановите за збогатување на ураниумот на повисоко ниво. Вчера шефот на Иранската Атомска Агенција Али Акбар Салехи соопшти дека Техеран ќе започне да го збогатува ураниумот на 20 проценти од 9 Февруари. Салехи додаде и дека ако се постигне договор со Агенцијата – процесот ќе биде сопрен.
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој денеска во Париз треба да се сретне со францускиот Претседател Никола Саркози, повика на зголемен меѓународен притисок спрема Иран. Западните земји стравуваат дека Иран се обидува да развие нуклеарно оружје.