Денеска три седници на Македонскиот Парламент

Македонскиот парламент денеска ќе ја одржи 90. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, општините или Град Скопје, по скратена постапка.
Потоа е планирана 92. седница во рамките на која ќе биде разгледана Предлог-одлуката за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1, во прво читање. На дневен ред се и предлог-законите за служба во Армијата на Република Македонија, за изменување на Законот за државните службеници, и за дополнување на Законот за сопственост и други стварни права, сите во прво читање.
Потоа Собранието ќе ја продолжи 89. седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основно, Законот за средно образование и Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство, сите по скратена постапка