Милошоски во Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во еднодневна посета на Албанија. Освен средбата со својот албански колега Илир Мета, тој ќе биде примен и од албанскиот претседател Бамир Топи, претседателот на Собранието Јосефина Топали и од албанскиот премиер Сали Бериша. Тема на средбите, како што се најавува, ќе бидат заедничките цели во делот на евроинтеграциите, продлабочувањето на билатералните односи и регионалната соработка.