Започнува пленарна сесија на Европскиот парламент

Во Стразбур започнува пленарна сесија на Европскиот парламент која ќе трае до 11 февруари. На дневниот ред денеска е најавена дебата за даноците и рамноправноста на мажите и жените во ЕУ. Утре Европскиот парламент ќе се изјаснува дали сите кандидати за комесари ги заслужуваат челните места во Европската Комисија. В среда европратениците ќе го разгледуваат напредокот на реформите во Македонија, Турција и во Хрватска.