Стајнберг и Иванов - да се создаде позитивна клима за името

Според соопштението од македонскиот претседателски кабинет, Ѓорге Иванов на вчерашната средба во Минхен разговарал со заменикот државен секретар на Соеднинетите Американски Држави, Џејмс Стајнберг, за спорот за името со Грција. Во соопштението се вели дека Стајнберг и Иванов се согласиле дека во престојниов период е неопходно да се покажат конкретни чекори за создавање на позитивна клима меѓу двете страни. Македонскиот претседател повикал на придвижување на процесот и изразил надеж дека Грција ќе му овозможи на посредникот Метју Нимиц да ја забрза динамиката на преговорите. По вчерашната безбедносна конфернција во Минхен , освен со Стајнберг , Иванов се сретнал и со британскиот министер за одбрана Боб Еинсворт кој истакнал дека Македонија и понатаму може да смета на силна британска подршка, како и со рускиот вице премиер Сергеј Иванов со кого разговарал за македонско - руските билатерални односи и економската соработка