Германија незадоволна од интересот за соработка на Иран

Иранското ветување за извоз на збогатено нуклерно гориво е добар почеток но Техеран мора да отиде и чекор понапред, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле на Минхнескта конфернција за безбедност. Вестервеле истакна дека Германија е расположена за соработка со Иран но не наишле на повретен интерес затоа што вчерашниот говор на иранскиот министер за надворешни работи, Манучер Монаки , не го сменил ставот на Германија. Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс кој е во посетата на Анкара изјави дека нема чуство дека е блиску до каков било договор со Иран.