Германија ја подржува идејата за Европска Армија

Во Минхен продолжува меѓународната конференција за безбедност, на која главно се дебатира за транс-атланската и европската безбедносна структура, за регионот на Блискиот Исток, како и за нуклеарното разоружување. Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска изјави дека Германија ја подржува идејата за формирање Европска Армија со што Европската Унија би станала глобален играч. Инаку, на конференцијата присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој денеска треба да има обраќање на панел дискусијата за иднината на европската безбедност.