Претседателот на Тојота се извини за грешката на некои модели

Претседателот на Тојота јаво се извини за проблемите предизвикани со повлекувањето на милиони автомобили, поради безбедносни проблеми. Акио Тојода, внук на основачот на Тојота, на прес конференција изјави дека ќе биде формиран посебен комитет за контрола на квалитетот на автомобилите за да се врати довербата на потрошувачите.