Расмусен: предизвиците на Косово веќе не се воени

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на денешниот неформален состанок на Алијансата што се одржува во Истанбул изјави дека безбедносните предизвици на Косово веќе не се воени. ,,Тоа е голем успех за Косово, за регионот и за меѓународната заедница, вклучувајќи го и НАТО. Косово е навистина успешна приказна" изјави Расмусен, наведувајќи дека се уште не била донесена никаква одлука за следната фаза на реструктуирањето на КФОР. Тоа, според него, ќе зависи од натамошниот развојот на состојбата на Косово.