Триесетина загинати во бомбашки напади во Карбала

Ирачката полиција соопшти дека околу 30 луѓе биле убиени, а десетици повредени во денешните експлозии на два автомобила бомби во светиот град Карбала. До ова дошло при одбележувањето на светиот празник на шиитите и покрај тоа што ирачките власти распоредиле околу 30 илјади војници и полицајци за да ги заштитат верниците.