Македонија останува посветена на евроатлантските интеграции

Македонија останува целосно посветена на нејзината стратегиска цел, влез во НАТО и Европската унија, a оттаму и кон одржувањето на нејзиниот целосен капацитет за споделување на товарот со Алијансата согласно нејзините приоритети. Ова, како што јавува МИА, го изјавил македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски во обраќањето на неформалниот состанок во Истанбул на министрите за одбрана на земјите од НАТО и на државите кои не се членки на Алијансата, но придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан. Коњановски додал дека Македонија ќе го зајакне својот придонес во ИСАФ за 50 проценти кои заедно со американската Националната гарада на Вермонт ќе бидат ангажирани во обуката и менторството на авганистанските безбедносни сили. Состанокот во Истанбул го отвори генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, кој посочи дека по тешкотиите во 2009 година, оваа година е мошне важна и решавачка за Авганистан.