Дали српскиот Патријарх ке биде интронизиран во Пеќ?

Косовската влада ќе го разгледа барањето новиот српски патријарх да биде интронизиран во Пеќката патријаршија.
Ние не избегнуваме посети од религиозен карактер и ќе дадеме одобрение, ако тие имаат религиозна цел, рече косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи.
Новиот српски патријарх Иринеј, кој беше избран во јануари, по смртта на неговиот претходник Павле, беше интронизиран во Белград на 23 јануари, но церемонијата треба да биде направена во Пеќ, на Косово, како што досега правеле сите патријарси на Српската православна црква. Косово, кое прогласи незвисност во февруари 2008 , досега забрани неколку посети на високо позиционирани српски лица, оценувајќи ги нивните посети за политички.