Две лица загинаа, 20 се повредени во експлозија во Хелманд

Во авганистанската провинција Хелманд од поставена бомба на мотор во близина на место каде се одвивала борба со кучиња, загинале две, а биле повредени 20 лица. Меѓу ранетите има 7 деца. Американските и авганистанските сили планираат операција во Хелманд каде што се засилија активностите на милитантите.