САД - Ревидираниот ракетен план не е насочен против Русија

Соединетите Држави соопштија дека новиот план за ракетна одбрана, во кој е вклучено и распоредување пресретнувачки проектили во Романија, не е насочен против Русија, туку против растечката закана од Иран. Русија официјално се уште не го коментираше планот објавен вчера во Вашингтон. Москва претходно се противеше на американскиот план за ракетна одбрана во Чешка и Полска, кој администрацијата на Барак Обама го напушти. Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули истакна дека во ревидираниот план се предвидува распоредување балистички ракети од среден дострел.