Прогноза за времето- сончево, попладне наоблачување

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а локално ќе има и слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од минус осум до минус два, а дневната ќе биде од четири до 10 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Утринската температура се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.