Романија ќе се приклучи кон американскиот антиракетен штит

Претседателот на Романија, Трајан Басеску, денеска изјавил дека неговата земја се согласила на нивна територија да се сместат балистички ракети со среден дострел, кои се дел од новиот американски антиракетен систем. Басеску изјавил дека биле поканети директно од американскиот претседател Барак Обама да бидат дел од новиот анти ракетен систем. Тој изјавил дека Букурешт се согласил да бидат дел од заштитниот систем, затоа што на тој начин ќе се заштити целата територија на Романија. Притоа истаканле дека на тој чекор не треба да се гледа како на тоа дека се неприајтелски настроени кон Русија.