Јушченко ги потпиша измените на законот за гласање

Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска го потпиша законот за избори и покрај тврдењата дека со тие измени во законот може да се доведе до фалсифувани избори. Со овие измени не се предвидува присуство на претставници на претседателските кандидати на пребројувањето на гласовите од изборите. Претседателскиот кандидат Јулија Тимошенко предупреди дека доколку се донесе овој закон ќе ги повика на протест граѓаните во недела со што ќе се создаде втора Портокалова Револуција. Според Тимошенко со овој закон се оневозможуваат фер избори.