Одлуката за пратеници од „црните листи“ наиде на критика

Ирачката влада денеска ја критикуваше одлуката на Апелациониот Суд со која им се дозволува на пријавените кандидати за пратеници од таканаречените „ црни листи “ да се кандидираат на престојните избори. На „црните листи “ се заведени стотици кандидати за кои се сомневаат дека се поврзани со партијата на поранешниот лидер Садам Хусеин. Шефот на изборната комисија побарал од Врховниот судски совет да ја разгледа оваа одлука на Апелациониот Суд затоа што таа може да им наштети на изборите. Дел од сунитските политичари сметат дека правењето на „црна листа “ е само обид да и се даде целата моќ на шиитските политичари.