Штрајк на грчките цариници, премините затворени

Грчките царински служби денеска започнаа 48 часовен штрајк, револтирани од најавеното намалување на платите, поради што граничните премини кон Македонија се блокирани. Покрај патниот, во прекин е и железничкиот меѓународен сообраќај, а затворени се и меѓународните аеродроми. Грчката влада, поради големиот буџетски дефицит, најави серија рестриктивни мерки, меѓу кои и намалување на платите на државните службеници.