За САД е провокација лансирањето иранска вселенска ракета

Лансирањето на иранската вселенска ракета е акт на провокација, соопштија од Белата куќа. Портпаролот Бил Бартон рече дека администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се уште ги проверува деталите за лансирањето, додавајќи дека овој потег на Иран е „провокативен акт“. Инаку, како што соопштија иранските медиуми, лансираната ракета Кавошгар 3 била од домашно производство и во неа имало експериментална капсула. Се верува дека во ракетата имало животни.