Путин го кани Туск на комеморација

Рускиот премиер Владимир Путин денеска го покани својот полски колега Доналд Туск на комеморација во Катин за тајниот советски масакр на илјадници Полјаци за време на Втората Светка Војна.Руските новински агенции пренесуваат дека Туск ја прифатил поканата. Полска сеуште ја притиска Москва да ги отвори досиеата за 22 илјади убини полски офицери во 1940 - та. Путин ветил дека ќе ги отвори архивите за полските истражувачи доколку сличен потег направи и Полска.