МПЦ нема да преговара под капата на Вранишковски

Македонската православна црква нема да преговара за решение за спорот со Српската православна црква , доколку услов за тоа е преговорите да ги води Јован Вранишковски. Овој став го соопшти Владиката Тимотеј по седницата на синодот на МПЦ.