Бугарија може да ја изгуби европската економска помош

Европската Унија ги предупреди бугарските власти дека ако набрзо не прекинат со измамите ќе ја изгубат помошта што ја добиваат од Унијата вредна милијарди долари и ќе заработат парични казни. Европската Комисија и соопшти на Софија дека ќе треба да плати глоба во вредност од 126 милиони евра ако не успее да докаже дека размената на 15 државни шуми за приватно земјиште по пониски цени всушност не е државна помош. Бугарскиот премиер Бојко Борисов за овие зделки ја обвинува претходната влада.