Во Пакистан убиени неколку луѓе

Во експлозија што се случи во близина на едно женско училиште во северозападниот дел на Пакистан биле убиени најмалку шест лица, меѓу кои тројца странци. Локалната полиција соопшти дека експлозијата била предизвикана од бомба поставена покрај патот во близина на училиштето.