ЦИА предупредува на можни напади на Ал Каида во САД

Ал Каида би можела да изведе напади во САД во наредните три до шест месеци, изјави во Конгресот директорот на Централната разузнавачка агенција ЦИА Леон Панета. Во годишната проценка на националните закани, Панета наведе дека оваа терористичка организација распоредува оперативци ширум САД, за да изведе напади од внатрешноста на земјата. Меѓу нив има и таканаречени чисти регрути, кои немаат терористичко досие, нагласи Панета, додавајќи оти Ал Каида се обидува да мобилизира и локални екстремисти.