Прогноза за времето- сончево и студено

Времето денеска ќе биде ведро, претежно тивко и студено. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветар. Најниската утринска температура e од минус 13 до минус четири, а дневната ќе биде од минус два до шест степени. Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност, како и со слаб западен ветер. Утринската температура се спушти до околу минус 10, а дневната ќе достигне до два степена.