18 илјади американски војници пролетва ќе пристигнат во Авганистан

Американската армија денеска соопшти дека очекува 18 од триесетте илјади дополнителни војници кои ги одобри претседателот Барак Обама, да пристигнат во Авганистан до крајот на пролетва.
Началникот на американскиот генералштаб, генерал Мајк Мулен пред Конгресната комисија рече дека Талибанците се засолнуваат на југот на земјата и оти нивното влијание расте во повеќето авганистански провинции.
Мулен рече дека сите 30 илјади дополнителни војници ќе се распоредат во Авганистан, најдоцна до почетокот на есента.
Фукционери од Белата Куќа велат дека војниците треба да пристигнат во Авганистан до крајот на јуни.