Финскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Финска, Александар Стуб, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија. Тој со својот домаќин министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски, ќе разговара за евро-атлантските аспирации на Македонија, како и за мултилатералната соработка помеѓу двете држави. Стуб ќе биде примен и од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.