Обама побарал 192 милијарди долари за војната во Авганистан

Претседателот на Соединетите држави, Барак Обама побарал сума од 192 милијарди долари за зајакнување на борбените дејствија во Авганистан во наредните година и половина. Оваа барање доаѓа по одлуката во Авганистан да се испратат дополнителни 30 илјади војници . Иако одлуката наиде на негодување кај некои американци, сепак Обама смета дека одлуката е од огромна важност за ставање на крај на војната во Авганистан. Според неговиот план, американските трупи треба да почнат да се повлекуваат од Авганистан почнувајќи од јули 2011-та.