Директорот на Франс Телеком ја напушта функцијата

Генералниот директор на Франс Телеком, Дидије Ломбар ќе ја напушти функцијата на 1 март , порано отколку што беше највено. Тој ја напушта функцијата поради серијата на самоубиства во таа компанија, се наведува во соопштението на француската телефонија. Според податоците на синдикатот, од 2008-та во Франс Телеком се самоубиле 35 луѓе. Синдикатот за самоубиствата ги обвини раководителите на компанијата кои според нив не ја воделе фирмата како што треба.