Продолжуваат преговорите САД-Русија за редукција на нуклерано оружје

Руските и американските официјални претставници ги продолжија разговорите во Женава за намалување на нуклераното оружје. Новиот договор треба да го замени стариот кои истече на 5 декември минатата година. Рускиот претседател Дмитри Медведев предупреди дека може да бидат пречка американските планови за распоредување на американки антиракетен штит во Европа, но вели дека сепак е оптимист. Во јули минатата година американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Дмитри Медведев се согласија да го намалат бројот на боеви глави.