Ирански судија е против смртните казни за демонстрантите

Ирански судија изјави дека нема да потклекне на политичките притисоци и да осудува на смртна казна антивладини демонстранти, пренесуваат денеска агенциите. Во неговата изјава стои дека одлуките што ќе ги носи ќе се засноваат само на законот . Минатата недела во Иран се обесени двајца кои биле обвинети дека се замешани во минатогодишните немири по претседателските избори. Бесењето на овие двајца затвореници беше осудувано од неколку групи за заштита на човекови права и од Западните земји.