Борби во Могадишу, 12 цивили настрадале


Во жестока престрелка меѓу мировниците од Африканската Унија и исламистичките бунтовници во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинале најмалку 12 цивили, а 50-тина биле повредени. Во битката било користено и тешко оружје, а според локалната полиција, милитантите стрелале со ракети од населени области, користејко го локалното население како жив штит.