Карзаи утре во посета на Саудиска Арабија

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи неделава ќе ја посети Саудиска Арабија каде што ќе разговара во врска со неговата идеја за реинтеграција на умерените талибанци. Карзаи се надева дека Саудиска Арабија ќе го искористи своето влијание да ги убеди талибанските бунтовници да го положат оружјето.