Газпром со намален профит за 36 насто

Руски Газпром денеска соопшти дека нето профитот во првите девет месеци од 2009-та им паднал за 36 насто, во споредба со претходната година. Главна причина биле зголемените трошоци за гасот што се набавува од Централна Азија. Газпром е најголема руска компанија и најголем производител на гас во светот.