Стотина уапсени на протестот во Москва

Руската полиција вчера уапси повеќе од 100 луѓе на протестот во Москва. Меѓу уапсените има познати критичари на руската влада. Опозициската интернет страница на поранешниот шаховски шампион Гари Каспаров објави дека се притворени 82-годишната активистка за човекови права и претседателка на рускиот хелсиншки комитет, Људмила Алексејева и поранешниот вицепремиер Борис Немцов. Полицијата соопшти дека на протестите учествувале околу 300 луѓе. Демонстрантите, кои носеле антивладини транспаренти, бараат слобода на јавен протест.