Талибанците негираат дека нивниот лидер е убиен

Пакистанските Талибанци негираат дека нивниот лидер Хакимулах Мехсуд е убиен во американски ракетен напад.
Портпаролот на Талибанците, за новинската агенција Ројтерс, ги нарече ваквите наводи, целосна лага.
Пакистанските разузнавачи соопштија дека имаат непотврдени сознанија оти Мехсуд починал од повредите здобиени во ракетен напад на 17 јануари.