11 мртви во серија бомбашки напади во Ирак

Најмалку 11 луѓе го заубија животот, најголем дел од нив муслимански шиити во серија на бомбашки напади во Багдад во Ирак. Полицијата соопшти дека три од нападите биле изутринава во една шиитска населба, а другите три експлозии се случиле во градот. Нападите се по најавата на законодавците дека ќе преземат акција против корупцијата во набавката на направите за детонирање на бомби од една британска компанија.