Во Хаити уапсени 10 Американци

Полицијата во Хаити уапси 10 американски граѓани кои се осомничени дека се обиделе да земат 33 деца од островот за да ги дадат на посвојување. Еден од осомничените кој е лидер на хуманитарната организација Нов живот за децата беглаци ги негираше обвиненијата. Осомничените се уапсени кога се обиделе да ја преминат границата со Доминиканската Република.