Кина против продажбата на американско оружје за Тајван

Кина изрази загриженост поради најавената продажба на американско оружје за Тајван. Кинескиот заменик министер за надворешни работи Хе Јафеи оцени дека овој потег ќе и нанесе сериозни негативни штети на соработката меѓу двете земји. Реакцијата на Пекинг доаѓа откако администрацијата на претседателот Барак Обама соопшти во Конгресот дека планира прва продажба на оружје за Тајван. Станува збор за 60 хеликоптери од типот Блек Хок и за повеќе од 100 ракети од типот Патриот.