Принудно слетување поради сомневање

Во Соединетите Држави еден патнички авион бил пренасочен откако се појавило сомневање дека едно од имињата на патниците било на американскиот терористички список. Авионот на Континентал ерлајнс за Колумбија бил принуден да слета во Флорида, но повторно полета откако биле расчистени сомневањата во врска со лицето.