Дел од Месечината, историско богатство

Во обид да се зачува местото каде што човекот за прв пат стапна на Месечината, Државна комисија на Калифорнија го регистрира како историско богатство. Станува збор за 106 објекти што мисијата на Аполо 11 ги остави на Месечината. Ова е прва регистрација на историско богатство надвор од Планетата.