Пад на вработените во индустријата во Македонија за 6,7 насто

Бројот на работници во индустријата во Македонија, минатиот месец, во однос на декември 2008 година е намален за 6,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари - декември 2009 година во споредба со истиот период во 2008, бројот на работници е намален за 6,6 отсто.